Марис за естетската корекција на увото: „Процедурата е безболна, ја правев во Државна болница кај д-р Игор Пеев“
- Детали
- четврток, 05 септември 2024
„Многу време се мислев дали да правам операција на увото. Мене не ми се познава многу и никој не го забележуваше, но јас си забележував затоа што едното уше ми е малку клемпаво и ми пречеше“, ја започнува својата приказна Марија Илиев од Штип.
Марија Илиев од Штип е наша модна инфлуенсерка позната како „Марис“ со повеќе од 59.000 следбеници, на која сега Шведска ѝ е дом.
Но, периодов таа престојува во Македонија по повод операцијата на едното уво, кое си го сметала за клемпаво.
На својот Инстаграм профил, две седмици по операцијата, таа отворено проговори за оваа процедура и преку одговарање на прашања на своите следбеници им долови за каков тип на зафат станува збор.
Таа вели дека од операцијата веќе две седмици носи завои на уши и дека процедурата била изведена во Државна болница во Скопје.
Најави дека денес ги извадила завоите и дека е презадоволна од целото искуство.
Во видеата Марија вели:
„Многу време се мислев дали да правам операција на увото. Мене не ми се познава многу и никој не го забележуваше, но јас си забележував затоа што едното уше ми е малку клемпаво и ми пречеше.
Читав дали е опасна процедурата и пишуваше дека е една од најлесните процедури и навистина не беше страшно“.