Лила и уште 4 познати Македонци кои се образувале во областа на медицината
- Детали
- понеделник, 09 септември 2024
Лила работела како медицинска сестра, а една од најзгодните македонски пејачки, Симона Поповска, работи како докторка во приватна клиника за разубавување.
Дали можете да ги замислите нашите познати ѕвезди наместо со јавна професија, да ја работат работата за која се школувале?
И дали знаете дека дел од нашите јавни личности има и такви кои може да се пофалат со дипломи од престижни факултети?
А дел од нив се всушност - доктори.
Некои целосно ја запоставиле таа професија, а други ја работат паралелно со шоу бизнисот.
Ова се познати личности во Македонија кои имаат завршено средно медицинско училиште или медицински факултет:
Лила Филиповска
Една од најпопуларните водителки кај нас, Лила Филиповска, има завршено средно медицинско учииште во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов”.
Пред да почне да работи на телевизија, односно додека студирала на филолошкиот факултет, таа работела како медицинска сестра.
Брзо сфатила дека сепак ја влече нешто поинакво, поврзано со јавна професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.
Симона Поповска
Една од најзгодните македонски пејчки, Симона Поповска, со музика започнала да се занимава уште на 6-годишна возраст кога во 1999 година настапила на фестивалот „Распеано рибарче“.
Додека одела во основно училиште, паралелно го посетувала и нижото музичко училиште „Методи Патчев“ во Охрид, каде го изучувала инструментот виолина.
Нејзина втора љубов е медицината и, токму затоа, се одлучила да се запише на медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, на отсекот општа медицина.
Денес работи како докторка по естетска медицина во приватен центар за разубавување и подмладување, но и понатаму е музички активна.
https://www.instagram.com/p/BnJGS3GHxop/
Зоран Ванев
Зоран Ванев беше меѓу најпопуларните фолк-пејачи во Македонија, а го обожаваа и во Србија кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите години.
Но, и покрај успешната музичка кариера тој одлучи да се пресели во Швајцарија.
Дипломирал на Aкадемијата за aлтернативна медицина Paracelsus во Цирих и е првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет.
Тој отвори своја клиника, која се наоѓа на самата железничка станица Шлирен во Цирих и во неа се третираат најразлични болести.
Иако долги години правеше пауза од музиката, Зоран од минатата година повторно настапува и кај нас и во дијаспората.
Славица Ангелова
Струмичанката Славица Ангелова, која победи на регионалното музичко шоу „Ѕведите на Гранд“ во сезоната 2022/2023, е уште една наша јавна личност која е посветена на медицината.
По победата во шоуто, Славица повторно им се посвети на студиите по медицина, но работи со полна пареа и на музичката кариера и често настапува кај нас и во регионот - некогаш сама, некогаш со својот ментор од шоуто, Ѓорѓе Давид.
Радица Грубовиќ Растворцева
Некогашната манекенка, и сестра на Натали Грубовиќ, Радица Грубовиќ - Растворчева, е доктор на науки, субспецијалист трансфузиолог.
Радица е раководител на Иститутот за трансфузиона медицина - Скопје и претседател на Здружението на трансфузиолози во Македонија.
Откако се посвети на медицинската кариера, таа се повлече од модниот свет.
фото: Фејсбук
фото: Фејсбук
С. Ш. | Црнобело