Кристина Арнаудова со љубовна порака за роденденот на сопругот: „Пак да се родам, ќе те одберам тебе“

Со љубовна поезија и забава во битолското кабаре, пејачката Кристина Арнаудова му го одбележа роденденот на својот сопруг, поранешниот ракометар Александар Петровски - Сајкал.

kristina-arnaudova-so-ljubovna-poraka-za-rodendenot-na-soprugot-pak-da-se-rodam-kje-te-odberam-tebe-01.jpg

Пејачката Кристина Арнаудова го прослави роденденот на сопругот, Александар Петровски - Сајкал со емотивна порака и малку љубовна поезија.

Таа на својот Инстаграм објави фотографија на која се бакнуваат, па му порача дека „пак да се роди, него би го одбрала“ за свој сопатник.

kristina-arnaudova-so-ljubovna-poraka-za-rodendenot-na-soprugot-pak-da-se-rodam-kje-te-odberam-tebe-03.jpg

Пораката, Кристина ја дополни со љубовна песна од Ана Бунтеска.

„Да си најдиш чоек рамен на тебе
кој ќе ти ја љуби и сенката
кој и својата во твојата ќе ја гледа
и да те чува ко капка вода на рака
ко жеден чоек во пустина да те гледа
ко да си му зеница
ко да си нешто што не видел никојпат
таков чоек пиле да си најдиш
кој нема да ти се плаши оти ко другите не си
кој нема да ведни глава ко ќе викаш
кој тогаш глата ќе ти ја фати меѓу дланки
и ќе те замолчи со бакнеж
кој ќе ти биди изгрејсонце
а зајдисонцето рака в рака ќе го минувате
кој никогаш нема в постела грб да ти заврти
и со лоша мисла покрај тебе да заспие
таков пиле
таков да ми најдиш за себе“ - е дел од песната.

View this post on Instagram

A post shared by Kristina Arnaudova (@kristina_arnaudova)

Роденденот Сајкал го прослави во неговата родна Битола, со неколку блиски роднини и пријатели, во кабарето Gold Felicia.

Таму пред сите гости, музичарите од кабарето му ја испеаја Happy Birthday.

kristina-arnaudova-so-ljubovna-poraka-za-rodendenot-na-soprugot-pak-da-se-rodam-kje-te-odberam-tebe-02.jpg

Кристина и овој пат не можеше да ги задржи емоциите, па сега на Инстаграм Стори, му посака среќен роденден со пораката:

„За уште многу волшебни моменти со нашите пријатели, за уште многу љубов, живели за сè што доаѓа. Те сакам до ѕвездите и назад, засекогаш“.

Погледнете ги фотографиите:

kristina-arnaudova-so-ljubovna-poraka-za-rodendenot-na-soprugot-pak-da-se-rodam-kje-te-odberam-tebe-02_1.jpg

kristina-arnaudova-so-ljubovna-poraka-za-rodendenot-na-soprugot-pak-da-se-rodam-kje-te-odberam-tebe-08.jpg

kristina-arnaudova-so-ljubovna-poraka-za-rodendenot-na-soprugot-pak-da-se-rodam-kje-te-odberam-tebe-07.jpg

kristina-arnaudova-so-ljubovna-poraka-za-rodendenot-na-soprugot-pak-da-se-rodam-kje-te-odberam-tebe-06.jpg

kristina-arnaudova-so-ljubovna-poraka-za-rodendenot-na-soprugot-pak-da-se-rodam-kje-te-odberam-tebe-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Кристина Арнаудова од Италија во Банско - го покажа згодното тело, учи да пука (фото) „Како за некој што не фатил оружје, три од три е јака бројка“, напиша Арнаудова ...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Ќерката на Александар Митевски слави матура: „Биди среќна и успешна“ Пет години откако правеше матурска прослава за ќерката Ања, Александар Митевски ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg