Иван Јованов блеска од среќа покрај сопругата и ќерката на детски роденден
- Детали
- среда, 21 август 2024
„Најсилната врска“ – напиша Иван на семејната фотка со неговите сакани, додека дотерани позираат на роденденот на внукот на неговата сопруга, откако тој наполни 33 години.
Иван Јованов објави ретка семејна фотка со сопругата и ќеркичката Ниа од роденденската прослава на внукот, кој е син на сестрата на Ивана.
Малечката Ниа е облечена во цветно фустанче со сини и црвени детали, во тон со нејзината мајка која изгледа прекрасно во бордо фустан.
„Најсилната врска“ – напиша пејачот на „Либеро бенд“ до фотката на која насмеан ја држи својата мини наследничка, а сопругата го прегрнува.
Инаку, на 19-ти август, тој го прослави 33-иот роденден и на Инстаграм Стори сподели фотки со сопругата и роденденската торта, но и од ќеркичката која дува свеќичка.
М. М. | Црнобело