Горди сме! Ѓорѓи Чешмеџиевски освои 6 медали на меѓународен натпревар во решавање Рубикова коцка
- Детали
- сабота, 10 август 2024
Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје постигна уште еден голем успех во решавање Рубикова коцка, откако освои 6 медали на натпревар во БиХ.
Веста за новите постигнувања на Ѓорѓи, кој е еден од најуспешните Македонци во решавање Рубикова коцка, го соопштија од Македонската кјубинг асоцијација.
„Ѓорѓи минатиот викенд учествуваше на натпревар во Босна и Херцеговина, Zvornik Summer 2024, каде освои дури 6 медали од кои 3 златни (4x4, 5x5, Skewb) и 3 сребрени (2x2, Pyraminx, Square1).
Исто така, подобри и 8 македонски рекорди и постави 5 лични рекорди. Огромни честитки за него“, пишува во објавата на Фејсбук.
🏆Огромен успех на Ѓорѓи Чешмеџиевски.Тој минатиот викенд учествуваше на натпревар во Босна и Херцеговина "Zvornik Summer...
Posted by Македонска Кјубинг Асоцијација / Macedonian Cubing Association - MCA on Friday, August 9, 2024
А. Ј. | Црнобело