Сања Ристиќ со љубовна порака за 42-иот роденден на Перо Антиќ: „Најпрекрасниот човек на светот“
- Детали
- понеделник, 29 јули 2024
Со десетина заеднички фотографии и љубовна порака, Сања Ристиќ му го честиташе роденденот на својот сакан, Перо Антиќ.
Перо Антиќ, претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, денес (29.07) полни 42 години.
Тој доби бројни честитки, пa видеата и фотографиите ги сподели на Инстаграм Стори.
Меѓу нив беа и честитки од синовите Лука и Павел, но и од неговата девојка, Сања Ристиќ, која му честиташе со љубовна порака.
Сања на Инстаграм објави видео направено од познати, но и досега необјавени фотографии со Перо, и порака:
„Среќен роденден на најпрекрасниот човек на светот“.
Таа стави и налепница (стикер) со порака „Те сакам“.
Сања и Перо се во врска повеќе од една година, а откако јавно открија дека се заедно, постојано разменуваат нежности преку социјалните мрежи и си испраќаат љубовни пораки.