Сара Мејс и Димитар Атанасовски разменуваат нежности во Египет: „Љубов во Хургада“
- Детали
- среда, 24 јули 2024
Сара и Димитар на Инстаграм фотките изгледаат заљубени и среќни исто како и на почетокот на врската, пред повеќе од 10 години...
Сара Мејс и Димитар Атанасовски неодамна беа на летување во Египет со децата, а друштво им правеа Стефан Лазаров и сопругата Марта.
Неколку дена откако се вратија од одморот, Сара на својот Инстаграм сподели фотографии од летувањето.
„Љубов во Хургада“ - напиша Сара, а од пријателите доби комплимент дека се „најубавото семејство и дека ги обожаваат“.
Таа објави фотки во мини бикини, во кои изгледа одлично, и покажа дека телото го вратила во форма по двете породувања.
На дел од фотографиите се синот Кирил и ќерката Илина, но на повеќето Сара е со сопругот Димитар и си разменуваат нежности.
Тие на фотографиите делуваат среќни и заљубени исто како и на почетокот на врската, пред повеќе од една деценија.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело