Славчо Попоски, метеоролог: „И оваа недела екстремно топло време – температури над 40˚C и тропски ноќи“

„Температурите во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени Целзиусови“, вели Славчо Попоски за оваа недела.

slavcho-poposki-meteorolog-i-ovaa-nedela-ekstremno-toplo-vreme-temperaturi-do-45-c-i-tropski-nokji-01.jpg

Топлотниот бран што нè измачува веќе некое време ќе продолжи и неделава, а температурите може да надминат и 40 степени Целзиусови.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за оваа недела:

„Екстремно топлиот африкански бран во Македонија продолжува и во текот на оваа работна недела, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени Целзиусови, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, температурата локално би можела да се искачи и до околу 45 степени Целзиусови.

Во Скопје температурата во текот на оваа работна недела ќе се искачи до околу 40 степени Целзиусови, но повремено таа ќе надминува и 40 степени Целзиусови.

slavcho-poposki-meteorolog-i-ovaa-nedela-ekstremno-toplo-vreme-temperaturi-do-45-c-i-tropski-nokji02.jpg

УВ индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), како и да пијат повеќе течности.

Тука се и тропските ноќи, односно температурите на повеќе места во Македонија во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштат под 20 степени Целзиусови“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg