Водителката Цеце Тодосовска на кампување во Грција, гради кули од песок со синовите (фото)
- Детали
- петок, 05 јули 2024
Водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосовска, беше на летување со синовите и сопругот во „Арменистис“, еден од омилените кампови на Македонците во Грција.
Цеце Тодосовска и нејзиниот сопруг Стојан обожаваат кампување и активности на отворено - пешачење, качување на планина, возење велосипеди...
Па, во тој дух ги одгледуваат и децата - да уживаат во природа и во сите нејзини убавини.
„Нашиот јунски одмор за паметење“, напиша Цеце, која објави фотографии на својот Инстаграм профил, откако се вратија од летувањето.
На семејните фотки, таа е со синовите Бодан и Симон и заедно уживаат додека си играат во плиткото и прават кули од песок.
Бодан плива со гума, но и се забавува со татко си, игра плочка во кампот, но и вози велосипед додека Цеце го турка помалиот Симон во количка.
Од фотографиите може да се забележи и дека водителката ја довела линијата до совршенство, една година откако го роди синот Симон.
Инаку, ова не е прво семејно кампување на Цеце со двете деца.
Два месеца по раѓањето на Симон, лани во јули сите четворица беа на кампување во Љубаништа.
По одморот, Цеце за CRNOBELO.com откри дека со сопругот практикувале да одат на кампување и пред да се родат децата:
„Дефинитивно е покомплицирано отколку да отидевме во хотел, ама едноставно тоа не нè исполнува. Уживаме во ова, иако по цели денови сме со обврски околу децата.
Тоа што 24 часа сме надвор на убав воздух покрај вода има бројни придобивки за сите“, рече тогаш Цеце.
Повеќе фотографии од семејниот одмор на Цеце:
Прочитајте и Цеце Тодосовска за кампувањето со 2 деца во Љубаниште: „По цел ден сме на воздух, покомплицирано е отколку да одевме во хотел“
А. Ј. | Црнобело