Водителката Цеце од Утринска првпат на летување со двата сина: „На најубавата плажа во Охрид“
- Детали
- понеделник, 24 јули 2023
„На најубавата плажа во Охрид, на која Бодан порасна и на која ѝ се враќаме секоја година. Оваа година во проширен состав“, напиша водителката Цеце Тодосова и објави неколку семејни фотки.
Водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосова е на летување во Охрид со сопругот Стојан и двата сина, Богдан и Симон.
Тие се во Љубаништа, а ова е нивно прво летување како четворка, откако водителката на 18 мај 2023 се породи со вториот син.
„На најубавата плажа во Охрид, на која Бодан порасна и на која ѝ се враќаме секоја година. Оваа година во проширен состав“, напиша Цеце и објави неколку семејни фотки на Инстаграм.
Водителката важи за личност која не споделува многу детали од својот приватен живот со јавноста.
Таа втората бременост ја чуваше во тајност до 7-иот месец, кога во емисија кажа дека очекува бебе.
И за раѓањето на синот Симон, јавноста прво дозна од нејзините колеги од „Утринска на Телма“ кои се пофалија дека слават со мекици за бебето.
Освен Симон, Цеце го има и синот Богдан, кој во февруари 2023 наполни 2 години.
А. Ј. | Црнобело