Цеце Тодосовска за кампувањето со 2 деца во Љубаниште: „По цел ден сме на воздух, покомплицирано е отколку да одевме во хотел“
- Детали
- понеделник, 21 август 2023
„Тоа што 24 часа сме надвор на убав воздух покрај вода има бројни придобивки за сите. Уживаме во сите активности со децата, а посебно сме среќни кога гледаме колку се тие среќни на камп и колку уживаат во сè што се случува тука“, раскажа за CRNOBELO.com водителката Цеце Тодосовска.
Водителката Цеце Тодосовска од „Утринска на Телма“, е на летување во кампот Љубаниште со сопругот Стојан и двата сина, Богдан и Симон. Таму неодамна тие поставија шатор и уживаат во камперскиот живот.
За CRNOBELO.com, Цеце вели дека ова е особено напорно првиот и последниот ден, кога се мести, а потоа и кога се собира шаторот, особено што сега се со мало дете и бебе, но дека има некоја посебна магија во кампувањето, која ја сакаат сите.
„Кампувањето е начин на живот, таков тип на одмор практикувавме и пред да имаме деца.
Сме биле на најразлични острови и места и нема ништо поубаво од тоа да се разбудите на плажа или да заспиете под небо полно со ѕвезди и млечниот пат над вас. Некои работи не се споредуваат, само се доживуваат.
Иако е понапорно првиот и последниот ден од одморот заради местењето односно собирањето на шаторот, сепак уживањето е поголемо.
Бодан го носевме на камп во шатор кога имаше 4 месеци, а сега и Симон го донесовме на 3 месеци.
Дефинитивно е покомплицирано отколку да отидевме во хотел, ама едноставно тоа не нè исполнува. Уживаме во ова, иако по цели денови сме со обврски околу децата.
Тоа што 24 часа сме надвор на убав воздух покрај вода има бројни придобивки за сите.
Велат дека одмор со деца не е одмор, но ние не гледаме така на тоа, ниту, пак, имаме очекувања дека ќе одиме за да се одмориме.
Едноставно уживаме во сите активности со децата, а посебно сме среќни кога гледаме колку се тие среќни на камп и колку уживаат во сè што се случува тука“, ни раскажа Цеце.
Цеце со семејството и на почетокот на летото 2023 помина неколку дена во Љубаниште и тогаш кажа дека првпат одат на кампување како четворка.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело