Водителката Александра се потсети на уникатната свадба - Со сопругот се заедно 20 години
- Детали
- среда, 03 јули 2024
„Осум години брак, дваесет години љубов“ – напиша водителката Александра Илиевска Пановска до фотографиите со кои се потсети на нејзината уникатна свадба и ја одбележа годишнината од бракот со сопругот.
Водителката која на македонската јавност ѝ стана најпозната по шоуто „Брза кујна“, а веќе подолг период е водителка на утринската програма на ТВ Канал 5, на својот Инстаграм профил редовно споделува фотки од емисиите, но и од приватниот живот.
Често нагласува дека семејството е најважно и дека истовремено ѝ е најголема поддршка во животот.
Таа веќе осум години е во среќен брак со сопругот Александар Илиевски, а заедно ја добија ќеркичката Сара.
Александра денес (03.07) ја одбележа годишнината од стапувањето во брак, и се присети на свадбата со сопругот Александар од пред 8 години.
Уште еднаш може да се види дека направиле навистина уникатна прослава.
Младенците стапиле во граѓански брак во Музејот на македонската борба, а наместо во луксузен автомобил, се возеле во сино Фиќо.
Водителката на свадбата носела уникатна дводелна венчаница со бидермаер со сини и жолти цветови, додека младоженецот носел син костум.
„Осум години брак, дваесет години љубов“ – напиша таа до фотографиите.
Погледнете ги фотките од свадбата на Александра во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело | фото: Инстаграм