Легенди за настанувањето на манастирот Свети Наум – Имале натпревар со Свети Климент, муслимани ја изградиле камбаната

Свети Наум е жив

До ден-денешен се верува дека моштите на Свети Наум во манастирот имаат исцелителна моќ, а голем број верници одат таму и ја навалуваат главата за да го слушнат срцето кое сè уште отчукува на неговиот гроб.

Преданијата дека свети Наум е жив со векови се пренесувале од колено на колено, па таква е и приказната за облогот меѓу игуменот на манастирот и бегот од Поградец.

Според преданијата, игуменот му рекол на Бегот дека свети Наум е жив, а тој велел дека тоа не е точно и на крај решиле да се обложат.

Игуменот му рекол на бегот:

„Да ја ставиме чашава полна со вино долу во езеро. Ако се истури, свети Наум не постои, па затоа ќе ти го дадам манастирот и полето. Ако не се истури, ти ќе ми го дадеш твојот имот!“

legendi-za-nastanuvanjeto-na-manastirot-sveti-naum-imale-natprevar-so-sveti-kliment-muslimani-ja-izgradile-kambanata-08.jpg

Кога игуменот ја пуштил чашата во езеро, таа не се истурила.

Тогаш бегот се уплашил и поверувал дека свети Наум постои. Целиот имот го подарил на манастирот и секоја година на празникот одел да му се поклони на светецот.

Но, приказната не завршила тука. Игуменот иако бил победник, сепак добил укор од светецот во сон.

Според преданијата, Свети Наум му се јавил во сон на игуменот и му рекол:

„Немој уште еднаш да се обложуваш на манастирот, затоа што јас не сум тука постојано. Кога ти се обложи и ако јас не бев тука, чашата ќе се истуреше и ти ќе ме потурчеше!“

Оттогаш се знаело и сите верувале дека: „свети Наум е жив!“

legendi-za-nastanuvanjeto-na-manastirot-sveti-naum-imale-natprevar-so-sveti-kliment-muslimani-ja-izgradile-kambanata-05.jpg

Легендата за изградбата на камбаната во манастирот

Според легендите, камбаната во манастирот Свети Наум е изградена од двајца муслимани кои боледувале од неизлечлива болест.

По нечиј совет тие отишле во манастирот, легнале на гробот на Свети Наум и по неколку дена сосема оздравеле.

Во знак на благодарност двајцата муслимани на манастирот му подариле камбана.

legendi-za-nastanuvanjeto-na-manastirot-sveti-naum-imale-natprevar-so-sveti-kliment-muslimani-ja-izgradile-kambanata-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Се слави Свети Архиѓакон Стефан  - Првата куќна слава по Божиќ Денес се слави првиот христов маченик, кој го дал животот и бил погубен со мачењ...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg