Познати македонски татковци кои уживаа на летување со децата (фото)
- Детали
- вторник, 02 јули 2024
Перо Антиќ ги одведе двајцата помали сина во Анталија, откако претходно летуваа и во Грција, а Марко од „Дај побрзај“ откри дека со сопругата се првпат на одмор со близначињата Веда и Вања, кои имаат само 2 месеца...
Иако летото почна пред само неколку дена, многумина ја отворија летната сезона уште на крајот на април, кога првпат отидоа на море или езеро и почнаа да се капат.
Исклучок од ова не се ни познатите македонски татковци.
Некои од нив веќе беа на семејно летување, со сопругите и децата, а други се на одмор сега.
Тие објавуваат фотографии како се забавуваат на одморот - додека се капат во море, позираат на плажа или уживаат во базен.