Славчо Попоски, метеоролог: „Временски непогоди и можност за поплави во првата седмица од јули“

„Во јули продолжуваат временските непогоди, а ќе биде и многу посвежо“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-vremenski-nepogodi-i-mozhnost-za-poplavi-vo-prvata-sedmica-od-juli-01.jpg

Некако го преживеавме топлотниот бран во јуни, но според анализите на метеоролозите, следниот месец ни носи други температурни екстреми.

Имено, во првата седмица од јули ќе има услови за временски непогоди и поројни дождови, кои на некои места може да предизвикаат и поплави.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Екстремно високите температури кои ги имавме во текот на овој месец, по сè изгледа ќе ги 'наплатиме' со многу посвежо време и со потпросечни температури на воздухот во месец јули.

slavcho-poposki-meteorolog-vremenski-nepogodi-i-mozhnost-za-poplavi-vo-prvata-sedmica-od-juli02.jpg

Во првата седмица од месец јули на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија, температурите ќе бидат многу пониски и потпросечни. Тоа значи - доколку планирате одмор некаде во соседството да го откажете барем, отсега гледано, во првата половина од јули.

Врнежите и во првата седмица од јули ќе бидат многу чести во регионот и во Македонија. Поради ова, очекуваме и нови временски непогоди, а не се исклучува можноста и за локални поројни поплави.

Во ваква ситуација, поради очекуваните ниски температури за месец јули, во алпскиот регион очекуваме и нови обилни врнежи од снег, а снегот би можел да се појави дури и на највисоките планини во Словенија.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Се очекуваат обилни дождови и голем пад на температурите“ „Од понеделник ќе имаме чести и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. М...
Славчо Попоски, метеоролог: „Во јуни нè очекува топло време, но со чести врнежи од дожд“ „Врнежите во јуни ќе бидат натпросечно високи“, вели метеорологот Славчо Попоски...
Славчо Попоски, метеоролог: „Пеколните температури продолжуваат во август, ќе биде и спарно поради п... „Годинава, месец август ќе бидете потопол за 1 до 2 степени Целзиусови, а врнежи...
Славчо Попоски, метеоролог: „Можни се обилни врнежи од дожд, грмотевици, но и појава на град“ „Очекуваме повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, како и засилен вет...
Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов очекувајте послаби врнежи од снег и температури до -10 степени... „Веќе од четврток нè очекува голема промена на времето и нов голем бран на врнеж...
Славчо Попоски, метеоролог: „Од четврток пороен дожд и грмежи на повеќе места во Македонија“ „Дневните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени Целзиус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg