Славчо Попоски, метеоролог: „Во јуни нè очекува топло време, но со чести врнежи од дожд“
- Детали
- понеделник, 27 мај 2024
„Врнежите во јуни ќе бидат натпросечно високи“, вели метеорологот Славчо Попоски за претстојниот месец.
Деновиве имавме можност да уживаме во сонце, но иако високите температури ќе се задржат наредниот месец, треба да бидеме подготвени и за многу врнежи од дожд, па и временски непогоди.
Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за месец јуни:
„Судејќи според сегашните излези на прогностичките модели, тие укажуваат на тоа дека и во јуни месец времето кај нас во Македонија ќе биде многу нестабилно и со честа појава на врнежи од дожд, грмежи, како и појава на временски непогоди.
Се на сè, да бидеме подготвени за нови временски непогоди кои би можеле да направат нови штети, и да предизвикаат локални поројни поплавувања.
Врнежите во јуни месец ќе бидат натпросечно високи.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат околу или, пак, малку над просекот за тој месец, што значи релативно топлото време продолжува, но отсега гледано без некои екстремно високи температури на воздухот.
Во следниот период температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени“.
Спирова С. | Црнобело
фото: Фејсбук, freepik.com