Фудбалерот Дарко Велковски и сопругата Тамара добија втор син: „Добредојде Видан“

Дарко Велковски, фудбалскиот репрезентативец на Македонија, и сопругата Тамара Чуприна, вчера добија син, а неколку часа по раѓањето на бебето објавија и прва фотка.

fudbalerot-darko-velkovski-i-soprugata-tamara-dobija-vtor-sin-dobredojde-vidan-01.jpg

Фудбалерот Дарко Велковски и неговата сопруга Тамара, вчера (16.06) станаа родители. Тие добија син кому му го дадоа името Видан.

Ова е втор син на двојката, која го има и постариот Ведран.

fudbalerot-darko-velkovski-i-soprugata-tamara-dobija-vtor-sin-dobredojde-vidan-02.jpg

Тамара се породи во болница во Скопје и неколку часа по породувањето објави прва фотографија од бебето.

„Видан Велковски, 16.06.2024“, напиша таа, па заедно со сопругот добија бројни честитки и убави желби за Видан.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Chuprina (@chuprinaatamara)

Дека очекуваат второ дете, Тамара и Дарко открија во ноември 2023, кога споделија неколку фотки од Ведран кој во раката држи слики од ултразвук и открија дека ќе добијат уште еден син.

Ведран се роди во февруари 2022. Неколку месеци по неговото раѓање, Тамара и Дарко направија голема свадба со сите адети во Македонија.

Тие претходно имаа мала венчавка и забава со најблиските поради пандемијата со коронавирусот.

Дарко, пак, неодамна прослави мал јубилеј, го одигра 50-тиот натпревар за македонската фудбалска репрезентација.

Погледнете повеќе фотографии од Дарко и Тамара на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска, Сара Мејс – Познати Македонци чии деца се првачиња овој септември ‘24 „Среќно деца мои“ – напиша Тамара, која заедно со Лука ги испрати на првиот школ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Тамара со љубовна роденденска порака за саканиот: „Ти си мојот почеток и крај“ „Среќен роденден љубов, те сакам“, напиша Тамара на Инстаграм и му го честита ро...
Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg