Марко од Скопје ја запроси саканата Ангела во Рим: „До последен миг стравував дека времето нема да се поправи“
Сепак, и покрај најдобрите и најдеталните подготовки, понекогаш е потребно да ве послужи и малку среќа, а нашиот соговорник раскажува дека кога стигнале во Рим, тој се соочил со предизвик.
„Да бидам искрен, временските услови не беа во моја корист. Врнеше првите два дена и не бев сигурен дали ќе врне и на денот кога имавме резервација на руфтоп барот на Oro Bistrot…
Но, сепак, точно тогаш се разведри времето и, едноставно, кога нештото доволно силно го посакувате, дефинитивно ќе ви се исполни“ – раскажува тој.
На прашањето кој момент ќе му остане најдолго во сеќавање, Марко накратко вели:
„Секако дека тоа е моментот на запросувањето, дефинитивно тоа е момент кој се памти за цел живот.
Целото патување беше прекрасно и со кратка и набиена агенда, но во целост видовме сè што сакавме да видиме и посетиме и си се вративме со убава вест“.
Погледнете повеќе фотографии од Марко и Ангела во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело