Инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева е бремена со второто дете: со семејна фотосесија ги соопшти убавите вести
- Детали
- петок, 10 мај 2024
„Второто бебе ни доаѓа оваа есен“ – напиша инфлуенсерката и манекенка Ангела Ѓоргиева до фотографиите со кои соопшти дека семејството наскоро ќе стане поголемо за еден член. Таа и сопругот ќе го добијат второто дете, а малиот Лиам, братче или сестричка.
Инфлуенсерката и манекенка Ангела Ѓоргиева и нејзиниот сакан Раде оваа есен ќе добијат уште еден член во семејството.
Таа на Инстаграм објави фотографии на кои позира со партнерот, но и со синот Лиам.
„Второто бебе ни доаѓа оваа есен, нетрпеливи сме да го запознаеме“ – напиша таа до фотките кои се дело на фотографот Антонио Станковски.
Целото семејство на фотосесијата е облечено во бело, а малиот Лиам ја имаше честа да ги држи фотографиите од ехо снимката на своето братче или сестричка.
За потсетување, Ангела е модна инфлуенсерка која во моментов има над 40.000 следбеници.
Таа и Раде за првпат станаа родители во 2022-ра година кога го добија синот Лиам, а Ангела претходно направи мошне впечатлива трудничка фотосесија на која позираше само со бела марама.
Погледнете уште неколку фотки од нивната најнова фотосесија:
Б. С. Б. | Црнобело