Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“
- Детали
- вторник, 23 април 2024
„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга.
Во август 2021, Марко Новески, познат како Марко „Дај побрзај“ и неговата сакана Цена стапија во брак - тие ја крунисаа љубовта облечени во кул аутфити во Скопје.
Три години подоцна, им се исполни најголемата желба и станаа родители на близначиња.
На својот Фејсбук профил, Марко соопшти дека за првпат стана татко и доби две близначиња со сопругата Цена.
Тој објави фотографија од новородените дечиња и напиша:
„Добредојдовте Вања и Веда. Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам!“
Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Cena што ми го оствари најголемиот сон ❤️❤️❤️ ТЕ САКАМ ❤️❤️❤️
Posted by Marko Noveski on Tuesday, April 23, 2024
М. М. | Црнобело