Бремената Тамара Чуприна ужива во прошетките со синот Ведран (3): „Пролет во Букурешт“
- Детали
- вторник, 02 април 2024
Сопругата на македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски, Тамара Чуприна, го покажа трудничкото стомаче - таа ужива со нејзиниот син Ведран на прошетка во една од најпознатите градини во Букурешт.
Пролетта пристигна и во Романија. Сопругата на македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски, Тамара Чуприна го искористи убавото време за прошетка низ Букурешт, а на Инстаграм сподели неколку фотки оттаму.
Сопругата на нашиот фудбалер кој игра за фудбалскиот клуб Динамо Букурешт, го искористила убавото време за да прошета со поголемиот син Ведран низ градината Чишмиџиу.
Ова е мошне популарна градина, која се наоѓа во центарот на Букурешт, а препознатлива е по големиот број споменици, фонтани и вештачкото езеро кое се наоѓа на средина.
Таа објави неколку фотки на кои го покажа нејзиното трудничко стомаче, а на една од нив се гледа и нивниот син Ведран (3) кој вози баланс-велосипед во паркот.
„Пролет во Букурешт“ – напиша Тамара до фотките.
Инаку, Тамара и Дарко соопшрија дека го очекуваат своето второ дете во ноември минатата година, а на Инстаграм објавија фотки од откривањето на полот и дознавме дека Ведран наскоро ќе добие братче.
Погледнете уште неколку фотки од прошетката на Тамара и Ведран:
Б. С. Б. | Црнобело