Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почнал да д’ткам“
Прашан за тоа како со таква говорна маана успева да изгради успешна музичка кариера, Слаткар вели:
„По дефиниција мојот проблем е губење на ритамот на говорот.
Не знам како да ви кажам, но мене овој музички ритам ми значи живот. Не ми значи ниту популарност, ниту нешто друго, туку ми значи живот.
Јас го имам изгубено ритамот на говор и за мене овој ритам е спас. Јас морам да творам за да зборам“ – вели тој.
Слаткар јавно сподели и за тоа како неговата говорна маана не е вродена, туку се развила кога бил многу мал.
Како што рече, имал операција на крајници, на 2 или 3 години и во тоа време децата лежеле сами во болница, па така и тој морал да престојува сам таму.
Притоа, нагласи дека филозофијата на тогашниот систем била да се создаваат цврсти деца, но кај него тоа придонело да се развие траен проблем.
„Веројатно сум се уплашил. Секој што има дете на 2 и пол години нека си замисли како би се чувствувало тоа дете да го остават само во болница по оперативен зафат.
Веќе кога ме извадиле од болница, јас сум почнал да д’ткам“ – вели Слаткар.
Но, нагласи дека ова не е тажна приказна и дека тој нашол начин како својот проблем да го сврти во сопствена корист и да биде само „во ќар“.
Целото гостување на Слаткар, погледнете го во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело