Фудбалерот Давид Бабунски наполни 30 години: Прослави со сопругата и 3-те деца во Будимпешта
- Детали
- понеделник, 04 март 2024
Со торта со сини и златни детали, фудбалерот Давид Бабунски го прослави својот 30-ти роденден во Будимпешта, во друштво на саканите.
Македонскиот фудбалер Давид Бабунски наполни 30 години, а роденденот го прослави во ресторан во Будимпешта, Унгарија. Тој славеше со семејството и неколку блиски пријатели.
За роденденот, Бабунски имаше бела торта со сини и златни детали и бели свеќички.
Со Давид и сопругата Катарина беа и нивните три деца, двата сина и ќерката Алина, која се роди лани во април.
„Прекрасен ден. Славиме роденден со нашите пријатели“, напиша Катарина на својот Инстаграм профил и објави неколку фотографии од прославата.
Катарина, која по потекло е од Србија, и Давид се запознале преку заеднички пријатели во 2016-та година и брзо потоа почнале да живеат заедно. Веќе во 2017-та година заминаа во Јапонија, каде што се роди нивното прво дете.
Тие сега живеат на релација Белград-Будимпешта, откако Давид во 2022-ра потпиша за унгарскиот клуб Mezőkövesd Zsóry.
А. Ј. | Црнобело