Доминираa црни и црвени аутфити: Модата на Златна Бубамара 2024 (фото)
- Детали
- петок, 23 февруари 2024
Андријана Јаневска и Вера Мештеровиќ блеснаа во впечатливи црвени тоалети, Марјана Станојковска и актерката Наталија Теодосиева во елегантни црни изданија со длабок шлиц и згодните нозе во преден план - Кои модни изданија оставија најголем впечаток на Златна Бубамара оваа година?
Водителите Тино и Атанас во спортско елегантно издание, Жељко Самарџиќ носеше младешка комбинација од одело со патики, Катерина Шехтанска во едноставна елегантна црна комбинација...
Беспрекорна елеганција за незаменливиот Драган Мијалковски, Дац и Александар во специјално дизајнирани сакоа со музички инструменти, Владо Јаневски во свој препознатлив стил со брош на кошулата...