Како странец ги опишува македонските градови и населени места во еден збор - Штип е „промаја“
- Детали
- среда, 14 февруари 2024
Скопје може да се опише со придавката „антички“, а Охрид со придавката „волшебен“. Со кои зборови Сомалиецот Мустафа Ахмед ги опишува другите градови низ Македонија? На што го асоцираат Штип, Битола, Делчево или, пак, Кочани?
Сомалиецот Мустафа Ахмед во последните неколку години е вистински хит со неговите забавни Инстаграм видеа од Македонија.
Во последните неколку години тој ја прошета целата земја, а не крие дека нашата татковина успеала да му го украде срцето.
Мустафа Ахмед (29) е по потекло од Сомалија, но пораснал во Норвешка. Во 2020-та година за време на пандемијата одлучил да даде отказ на работното место и да почне да изучува Front-end Development.
Денес има своја ИКТ компанија и работи додека патува, а Македонија му е омилената земја. Во последните неколку видеа тој се обиде да ги опише сите македонски градови во еден збор и на тоа што го асоцираат.
Проследете како тој ги опишува македонските градови:
- Скопје – Антички;
- Охрид – Волшебен;
- Дебар – Volkswagen;
- Крушево – Тоше Проески;
- Прилеп – Ширден;
- Кавадарци – Тиквеш;
- Гевгелија – Мал Вегас;
- Дојран – Морска храна;
- Струмица – Ноќен живот;
- Берово – Свеж воздух;
- Виница – Слатка;
- Кочани – Кафулиња;
- Кратово – Мостови и кули;
- Струга – Како Струга нема друга;
- Лазарополе – Скриен бисер;
- Битола – Мода;
- Неготино – Фармер;
- Куманово – Град на кафеани;
- Тетово – Гужва во сообраќај;
- Велес – Втора пастрмалија;
- Вевчани – Поинакви луѓе;
- Штип – Промаја;
- Кичево – Град на озборување;
- Маврово – Природа;
- Пробиштип – Манастир;
- Делчево – Нема живо пиле;
- Преспа – Змии;
- Ростуше – Бигорски манастир.
Погледнете ги видеата на Мустафа:
Б. С. Б. | Црнобело