Ледената Македонка Бетика се расплака пред експедицијата на Алпите: Татко ѝ со моторна пила нацрта срце во мразот
Кога завршив со дишењето, пополека ги отворам очите и, што да видам - по шорц, маичка и волнени чорапи, си ја нацртал скицата, па ме чекал за да ја запали ‘моторката’.
Не можев да им верувам на очиве. Ова беше најубавиот тренинг во мојот живот. Си се изнаплакав поштено.
Ми рече: ‘Тато секогаш стои зад тебе, во љубов да те испратам на експедицијата, во љубов да блеснеш на Алпите!’
Мојот татко е мојот херој. Човек што верувал во секој мој чекор, човек што со гордост и со најголемо лавовско срце кине и гризе за својата фамилија“, напиша таа.
По последниот тренинг, Бетика не можеше да ги задржи солзите радосници што конечно ќе ѝ се исполни сонот.
Таа им се заблагодари на сите што веруваа во неа и ја поддржуваа. А, меѓу нив е и Игор Џамбазов кој ѝ посака многу среќа на авантурата во Франција.
Погледнете ги видеата:
А. Ј. | Црнобело