Најзгодните мажи на македонската музичка сцена - Кои наши пејачи редовно вежбаат?
- Детали
- вторник, 02 јануари 2024
Покрај фантастичниот глас и хитовите кои ги имаат испеано, и мускулестото тело е нивниот заштитен знак. Кои македонски пејачи редовно вежбаат?
Освен што одлично пеат, овие македонските пејачи и прекрасно изгледаат. Редовно вежбаат во теретана и водат сметка што јадат, а резултатите од тоа се видливи.
Кои од македонските пејачи имаат споделено фотографии од теретана на социјалните мрежи?
Кристијан Тасковски - Таско
Таско вежба неколкупати во неделата, а вели дека вежбањето ослободува од стрес, а влијае и врз самодовербата и здравиот психолошки развој.
Адам Лабунски
Адам големо внимание обрнува на физичкиот изглед и не пропушта тренинзи, а на повеќето фотографии кои ги објавува позира разголен.
Ристе Ристески
Единствениот македонски победник на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ редовно вежба во теретана и честопати на неговите фотографии на социјалните мрежи, мускулите се во пред план.
Стефан „Некст тајм“
Покажувањето на дефнираното тело не е нешто непознато за популарниот пејач, кој се вбројува меѓу најзгодните на нашата естрада.
Спасен Силјаноски
Најпопуларниот пејач на фолк музика во моментов е љубител на спортот и секој слободен момент го користи за некој вид вежбање.
Јоце Панов
Јоце ги изненади своите фанови со новиот имиџ и ги покажа резултатите од редовните тренинзи.
Иван Јованов
Иван е уште еден пејач од македонската музичка сцена кој се грижи за својот изглед и редовно оди во теретана.
С. Ш. | Црнобело