Мала хероина: Анабела од Охрид се роди со 600 грама, по 129 дена на ГАК конечно си отиде дома
- Детали
- вторник, 26 декември 2023
„Нашата Анабела по 129 дена си замина за Охрид во прегратките на мама, тато и на дада. Нејзината силна борба беше мотивација за целиот персонал да верува дека чудата постојат и овој голем борец им одржа лекција на сите возрасни што значи вистинска борба за живот, без да потклекнеш“, напишаа од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Анабела Блажеска, бебето од Охрид кое се роди во 26-та недела со само 600 грама, денес (26.12) си замина дома од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Анабела помина 129 дена во болницата, а докторите кои се грижеа за неа велат дека е вистински мал борец кој им одржа лекција на возрасните што значи борба за живот.
Родителите ја дотераа својата принцеза во бело фустанче со розова панделка, па сите заедно - мајката, таткото и постарата сестричка - си заминаа среќни за Охрид.
„Принцезата од 600 грама си отиде дома со 2.080 грама.
Нашата Анабела Блажеска денес по 129 дена си замина за Охрид во прегратките на мама, тато и на дада.
Родена е во 26 гестациска недела со тежина од само 600 грама.
Заедно со докторите и со медицинските сестри успешно ги помина сите препреки кои пред неа ги стави животот и дома си замина со тежина од 2.080 грама.
Нејзината силна борба беше мотивација за целиот персонал да верува дека чудата постојат и овој голем борец им одржа лекција на сите возрасни што значи вистинска борба за живот, без да потклекнеш.
Расти Анабела во многу љубов, здравје и среќа. Биди им гордост на твоите родители“, напишаа на Фејсбук страницата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
ПРИНЦЕЗАТА ОД 600 ГРАМА СИ ОТИДЕ ДОМА СО 2080 ГРАМА Нашата Анабела Блажеска денеска по 129 дена си замина за Охрид во...
Posted by ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје on Tuesday, December 26, 2023
А. Ј. | Црнобело