Маја Вукичевиќ објави ретка фотка со синот, Џани Алиоски на аџилак во Мека: Што правеа македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 25 декември 2023
Никола Перевски - Пере од Нокаут си го честита именденот со фотографија направена пред манастирот „Св. Јован Бигорски“, а „Некст тајм“ споделија стара фотка на која се со Васко Тодоров, па прашаа кој од нив тројца е Тошо Малерот.
Пејачката Маја Вукичевиќ, која веќе неколку години живее во Австралија, ретко објавува фотографии на социјалните мрежи, па ја изненади јавноста со фотографијата со синот Горазд.
„Лето во декември“, напиша таа.
Пејачката Наташа Малинкова е на патување низ поранешните југословенски републики, па објави неколку фотки од Босна и Херцеговина и Црна Гора, а најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова, беше на новогодишна прослава, па ги изненади фановите со изгледот и шминката, бидејќи најчесто е во дрес и ненашминкана.
Што правеа македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
Џани Алиоски на аџилак во Мека
„Некст тајм“ со Тошо Малерот
Маја Вукиќевиќ со синот Горазд
Дарио и Владо Јаневски заедно на снимање новогодишна програма
https://www.instagram.com/p/C1I5g58IDl4/