Кокоси насекаде - Ноне Неделковска пред празниците во посета на Сејшели и Индија
- Детали
- четврток, 21 декември 2023
„Кокоси“ – напиша кратко Ноне до фотографиите што ги објави од плажата Anse Royale на Сејшели. Нашата пејачка ужива во тропските дестинации во претпразничниот период, па по Индија, посети и други дестинации во Индискиот Океан.
Нашата пејачка Ноне Неделковска со години наназад работи на брод, а со оваа работа има можност да го пропатува целиот свет и тоа може да се види од фотографиите што ги објавува.
Куба, Египет, Индија, Сејшели... Ова се само некои од местата од каде Ноне досега објавила фотки.
Таа неодамна беше во посета на Индија, каде се фотографираше во традиционално индиско сари.
А, само неколку дена подоцна имаме можност да видиме дека Ноне ужива на плажата Anse Royale на Сејшели.
Таа сподели неколку фотки од песочните плажи и тиркизно сината боја на Индискиот Океан, вкусните специјалитети што ги пробала, но и од кокосите, што ги има насекаде.
Елка од кокоси, пијалаци од кокоси... Јасно е дека Ноне имала можност малку да одмори и да ужива во претпразничниот период.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм