Антониа Гиговска, Пере од „Нокаут“: Кои познати Македонци добија дете во 2023-та?
- Детали
- недела, 24 декември 2023
2023-та е година на бебиња во Македонија. Пере од „Нокаут“ доби четврта ќерка, a Марјан Стојановски стана татко третпат. Кои познати Македонци добија дете оваа година?
Во годината што изминува, родители станаа неколку познати музичари, спортисти и актери. Повеќето од нив им дадоа уникатни имиња на децата - Киан, Гаиа, Кирјана, Лукијан...
Кои наши јавни личности добија дете?
На 31 јануари Борко Ристовски и неговата сопруга Нина вторпат станаа родители. Тие ја добија ќерката Анастасија.
Во март, татко стана актерот Јаков Спасов, син на Драган Спасов – Дац. Тој и неговата сопруга Софија ја добија ќерката со уникатно име – Гаиа.
Татко на 30 април стана пејачот Даниел Кајмакоски. Со својата втора сопруга тој доби син, кому му го дадоа името Стефан.
Кајмакоски веднаш објави фотка од бебето и напиша дека се родил „Стефан кралот“. Од првиот брак, со пејачката и модел Кристина Димитри, Кајмакоски го има синот Давид.
На 14-ти мај, Денот на мајките, се породи водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосовска. Таа го роди синот Симон. Водителката и нејзиниот сопруг го имаат и синот Бодан (2).
Пејачот на „Нокаут“, Никола Перевски Пере ја изненади јавноста на 12 јуни, кога кажа дека добил четврта ќерка, која се вика Ирис.
Тој и неговата сопруга Јована ја криеја бременоста, а дека станал татко, Пере откри дури по раѓањето на бебето. Освен Ирис, тој ги има и ќерката Михаела, Каја и Софиа.
Пејачот Павле Камилоски и неговата сопруга, планинараката Ирина Дишовска, станаа родители на 18 јуни. Тие го добија синот Јосиф.
Неодамна Ирина со синчето беше на новогодишниот концерт на Павле и откри дека тој ги знаел сите песни на татка си.