Пере од „Нокаут“ доби четврта ќерка - се роди Ирис
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2023
„Ирис се роди… Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша Пере од „Нокаут“ на Инстаграм и откри дека добил четврта ќерка.
Пејачот на Нокаут, Никола Перевски Пере доби четврта ќерка. Неговата сопруга Јована ја роди ќерката Ирис, а Пере објави прва фотка од болница.
„Ирис се роди… Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша тој на Инстаграм.
Познатиот музичар пред неколку дена откри дека чекаат второ бебе со Јована, инаку негово четврто и дека пак ќе биде ќерка.
Пере и Јована веќе ја имаат ќерката Софиа (2). Од првиот брак, Пере ги има и ќерките Михаела (25) и Каја (16).
Неодамна во разговор за CRNOBELO.com, тој зборуваше за татковството и за тоа колку е горд на своите ќерки.
Тогаш ни откри дека и покрај големата разлика во години, двете постари ќерки се грижат и многу им помагаат нему и на Јована со Софиа и дека ја обожаваат својата најмала сестра.
Прочитајте и: „По 3 ќерки јас и понатаму се прашувам дали сум добар татко“: Пере од „Нокаут“ за предизвиците на татковството
А. Ј. | Црнобело