Розов костум со пердуви + совршена шминка: Охриѓанката Мери Бајрамовска е Инфлуенсерка на годината

Мејкап артистката од Охрид, Мери Бајрамовска, е избрана за Инфлуенсерка на годината 2023, на шестото доделување на наградите „Жени на годината“.

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata.jpg

Вчера (13.12) во „Музејот на македонската борба“ шести пат беа доделени наградите „Жени на годината“. Овие награди се доделуваа во 10 категории, а за Жена на 2023 година беше избрана диригентката Бисера Чадловска.

Мејкап артистката Мери Бајрамовска, пак, ја освои наградата „Инфлуенсер на годината“.

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-04.jpg

Таа во својата категорија беше номинирана заедно со Миа Костова, Ангела Ѓоргиева, Марија Илиев и Калтрина Круезиу.

„Чест ми е што ја добив оваа награда која се доделуваше со гласови од публиката и жири комисијата, а во која беа номинирани уште четири други дами.

Задоволство ми е што стоев рамо до рамо со десетте неверојатни победнички во овогодишното издание на манифестацијата“, вели Бајрамовска.

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-02.jpg

Таа на Инстаграм е позната како @makeupmeri и има над 88 илјади следбеници.

Оваа дама на доделувањето на наградите беше облечена во розов костум со пердуви на ракавите од „Ателје Коцарева“ и шарен топ со гол стомак, па доби комплименти за изгледот.

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-09.jpg

А, за CRNOBELO.com, таа откри и дека оваа награда ѝ претставува поттик за понатамошна работа и успех.

„Не е доволна само моќта на тоа што го работите, туку треба некој и да го препознае тоа. Јас ќе продолжам да се подобрувам и да им овозможувам на моите клиенти услуги на што е можно повисоко ниво.

Ќе се залагам да ги задоволам стандардите на најдобрите светски шминкери.

Мојот досегашен успех е резултат на стручност, иновации, искреност кон клиентите, самокритичност и стабилна платформа за понатамошен развој“, ни кажа Мери.

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-10.jpg

Не е првпат Бајрамовска да добие награда за Инфлуенсер на годината. Таа во 2022 ја доби наградата„Make up Influencer, во организација на „Убавина и здравје“.

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-06.jpg

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-05.jpg

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-08.jpg

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-07.jpg

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-11.jpg

rozov-kostum-so-perduvi-sovrshena-shminka-mejkap-artistkata-meri-bajramovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-03_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg