Агнеса Органџиева го прослави 40-тиот роденден со стил - Огномет, луксузна вечера и стотина рози
- Детали
- среда, 06 декември 2023
„Ми беше забрането да влезам во делот каде што требаше да се одржува забавата. Во еден момент сакав да се ‘шмугнам’ ама ме застанаа пред влезот и ми рекоа: 'Агнеса, ќе те замолиме да се повлечеш, во 21:00 часот вратата ќе биде отворена за тебе'. И си се повлеков“, вели Агнеса Органџиева и раскажа детали за прославата на роденденот.
Агнеса Органџиева на 1 декември наполни 40 години, а неколку дена подоцна го прослави јубилејниот роденден во стил, со забава во Кавадарци.
Гости ѝ беа само најблиските другарки од детството и членовите на семејството.
А, на забавата имаше сè - торта со розови рози, скап шампањ, луксузно уредена просторија само за роденденската прослава, но и огномет, кој за неа го организираат од комплексот каде што го славеше роденденот.
И неколку дена по роденденот, Агнеса не крие дека сè уште е под импресии од забавата.
Таа за CRNOBELO.com откри неколку детали од прославата:
„Мојата јубилејна 40-ка, хмм. Мене животот допрва ми започнува. Што да кажам, освен дека беше совршено.
Цела организација на забавата беше од комплексот ‘Моклиште’ што се наоѓа во Кавадарци. И верувајте, сè беше изненадување. Ништо не знаев.
Уште кога пристигнав, еден ден пред прославата, ме пречекаа со букети цвеќе и торта.
Трите дена таму ми беа исполнети со многу изненадувања.
Во саботата (02.12) ми беше забрането да влезам во делот каде што требаше да се одржува забавата.
Во еден момент сакав да се ‘шмугнам’ ама ме застанаа ‘батки’ пред влезот и ми рекоа: 'Агнеса, ќе те замолиме да се повлечеш, во 21:00 часот вратата ќе биде отворена за тебе'. И, си се повлеков.
До секој детаљ, до секоја боја на роза - сè било осмислено и организирано.
Тортата ја направија во самиот ресторан, па смислиле дури и како ќе ја донесат до мене.
Ни ја послужија со Moet, па потоа носеа уште еден, уште еден...
Сè беше перфектно, дури и чиниите беа подредени во иста линија до сантиметар.