Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од 90-тите?
Тука беа и Миа Костова и Мартин Трпчевски (познат и како Мартин 99), кои пред околу 20 години беа водители на забавната емисија „99 Action“, а кои вчеравечер ја водеа публиката низ македонската музичка ризница од зад сцената.
На сцената, пак, беа Игор Џамбазов и Марјана Станојковска.
Публиката пред концертот се загреваше со македонски хитови, а за журката беше задолжен диџеј Мац.
Се пееја и најголемите хитови од Маја Вукичевиќ, која живее во Австралија, но таа објави видео на својот Инстаграм профил.
„Ова е воскреснување на едно убаво време, благодарение на Мартин Трпчевски, '99 Меgastars' и веројатно поттик за некои од нас повторно да творат.
Ми направивте убаво чувство и да ви кажам искрено, сите ми недостигате“, напиша Маја, меѓу другото.