Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од 90-тите?
- Детали
- петок, 01 декември 2023
На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скопските девојки“, „Допри ме“, „Прашина“, „Мачка со 9 животи“, а публиката пееше на цел глас и покажа дека ѝ недостигаат вакви случувања, на едно место да ги видат своите омилени пејачи и да се сетат на едни од најубавите времиња на македонската сцена.
Вчеравечер (30.11) во спортскиот центар „Јане Сандански“ се одржа најголемата музичка забава за оваа година, „99 Megastars“.
Ѕвездите од крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, но и некои нови имиња, ги пееја најголемите хитови од македонската музичка сцена.
По многу години на концерт пред македонската публика запеаја Искра Трпева, Ребека, Александар Ристовски Принц, Верица Пандиловска, „Куку Леле“...
A тука беа и Маја Гроздановска Панчева, Бени Шаќири, Тони Зен, Кристина Арнаудова, Ламбе Алабаковски, Арчи, Наде Талевска, Бојана Скендеровски, Ивона Јо, Александар Тарабунов, Ристо Самарџиев, Маријан Стојановски, Теа Трајковска и многу други.
Во салата ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скопските девојки“, „Допри ме“, „Прашина“, „Бела“, „Мачка со 9 животи“, „Да пукнеш што ми направи“, „Обиди се“, „Постела рози“, „Зборови“…
Публиката пееше на цел глас, се забавуваше и покажа дека ѝ фалат вакви случувања, особено кога на едно место ќе ги видат своите омилени музичари и ќе се сетат на едни од најубавите времиња на македонската сцена.