Моќна изведба на Тамара на Јуниорскиот Евросонг 2023 во Ница: „Гордост е да ги претставам боите на нашата Македонија“
- Детали
- недела, 26 ноември 2023
Тамара Грујеска имаше моќен настап во Ница, Франција на Јуниорскиот Евросонг 2023, а на крај успеа да го освои 12-тото место.
Денес (26.11) во Палатата Никаја, во Ница, Франција се одржа изборот за Јуниорски Евросонг 2023, на кој настапија вкупно 16 натпреварувачи.
Нашата претставничка, Тамара Грујеска, настапи 6-та по ред со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ .
Тамара имаше моќен настап, во кој ги покажа своите извонредни вокални способности, а на крај по гласањето го освои 12-тото место.
Годинава победници се Франција, кои успеаја да освојат максимален број гласови од публиката која гласаше преку интернет, но и од националните жирија.
Пред настапот Тамара на својот Инстаграм профил упати порака во која се заблагодари за поддршката и напиша:
„Оваа прилика сакам да ја искористам за да ви се заблагодарам за беспрекорната поддршка која ми ја дадовте изминативе пет месеци!
Воедно, сакам да се заблагодарам на Македонската радио-телевизија што ми ја даде оваа можност да ја претставувам Македонија на овогодинешниот Јуниорски Евросонг!
Задоволството и честа се мои да бидам македонски претставник и гордо да ги претставам боите на нашата Македонија!“ – стои до фотографијата на која Тамара позира гордо со македонското знаме.
Погледнете го настапот на Тамара на Јуниорскиот Евросног 2023:
Прочитајте и Тамара Грујеска, нашата претставничка на Јуниорски Евросонг 2023: „Публиката ја прифати песната, сакаме да упатиме силна порака“
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм