Кристина Димитри горда на синот: „Му го даде својот оброк на детенце што бараше храна, неговата добра душа е мој најголем успех“
- Детали
- понеделник, 13 ноември 2023
„Срцето ми се скрши, а воедно сум и многу горда на мојот син. Додека јадевме, дојде детенце кое бараше храна, а син ми без размислување му го даде неговиот оброк“, вели Кристина Димитри, позитивно изненадена од постапката на синот Давид.
Кристина Димитри преку Инстаграм Стори раскажа кратка случка поврзана со нејзиниот син Давид.
Таа вели дека синот ѝ го стопил срцето со своето однесување, кога без размислување му го дал својот оброк на дете кое барало храна и не крие дека е горда на него што има добра душа.
„Се мислев дали да го споделам ова... Срцето ми се скрши, а воедно сум и многу горда на мојот син.
Додека јадевме, дојде детенце кое бараше храна, а син ми без размислување му го даде неговиот оброк. И му кажа: ‘Еве, да го поделиме’.
И ме праша: ‘Мама, може и пари да му дадеме за да купи за дома?’
Ми кажав дека може.
Таа негова добра душичка и воспитување се мојот најголем успех“, напиша Кристина.
Давид има 6 години. И иако пејачката и манекеенка често објавува фотки со него, таа секаде го крие неговото лице.
А. Ј. | Црнобело