Весна Бејби емотивна за роденденот на ќерката: „На 9 месеци ја видов првпат и знаев дека сме си судбина“

„Мина имаше 9 месеци и едвај 3,5 килограми кога се сретнавме првпат еден сончев ден во Битола. Беше лесна, насмеана само ако ја погалиш, ако престанеш ќе почнеше да плаче. Знаев дека сме си една на друга судбина“, напиша Весна Петрушевска на 19-тиот роденден на ќерката.

vesna-bejbi-emotivna-za-rodendenot-na-kjerkata-na-9-meseci-ja-vidov-prvpat-i-znaev-deka-sme-si-sudbina-01.jpg

Актерката Весна Бејби Петрушевска на својот Инстаграм објави видео за да ѝ го честита 19-тиот роденден на ќерката Мина.

Видеото е колаж од фотографии направени низ годините, на кои се тие две заедно, од претходни родендени на Мина, со брат ѝ Кирил, Игор Џамбазов, со починатиот татко на Весна, а дедо на Мина, со кого беа многу блиски, од секојдневни ситуации во кои се фотографирале.

vesna-bejbi-03_copy.jpg

„Мина имаше 9 месеци и едвај 3,5 килограми кога се сретнавме првпат еден сончев ден во Битола. Беше лесна, насмеана само ако ја погалиш, ако престанеш ќе почнеше да плаче. Знаев дека сме си една на друга судбина.

Последниве 8 години се соочувавме со разни состојби поради тоа што таа беше жртва. Се бореше секој ден како лавица. Таа насмевка нема цена.

vesna-bejbi-02.jpg

Денес полни 19 години. Секогаш била моја и ќе биде моја.

Потполно е неважно дали сте биолошки родител, важно е да го изнесете детето на пат. Мина е мојот херој секој секунда, секоја минута, секој ден, секоја ноќ.

Не знам зошто, ама се 'утепав' од плачење. Среќен роденден Мина Бејби и вечер одиме на журка“, напиша таа на видеото.

Но, актерката на полноќ (11 ноември) објави и видео на кое влегува во собата на Мина и ја буди, додека ѝ пее Happy Birthday.

„19 години по ред вака ја малтретирам, без исклучок, и мислам дека нема веќе. Само мајка може да е вака досадна и откачена“, напиша Петрушевска на Инстаграм стори.

vesna-bejbi-05.png

Освен Мина, актерката го има и синот Кирил (20), кој во моментов живее во Америка.

Роденденската честитка од Весна Бејби за ќерката Мина:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Снеже Велков влезе во море среде зима – се загрева со оро, водата е „кочан ладна“ (видео) „Ладно е кочан, но зборот е одржан – победа на умот и предрасудите“ – напиша Сне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg