Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери?

Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена имаше, и сè уште има, неколку љубовни парови каде дамите се постари од своите посилни половини. За нив важи она - љубовта не знае за години. Знаете ли кои се тие? 

ljubovta-ne-znae-za-godini-koi-poznati-dami-od-makedonija-bile-ili-se-postari-od-svoite-partneri-01.jpg

Неколку дами од домашната јавна сцена рушат табуа кога е во прашање љубовта.

Иако разликата во годините меѓу нив и партнерите секогаш била интересна тема за фановите, овие познати дами не обрнуваат внимание на озборувањата, туку, напротив, уживаат во љубовта.

Кои се познатите македонски дами кои биле или се во врска со помлад партнер?

Сузана Турунџиева и Александар Маленко

Разликата меѓу познатата пејачка, водителка и писателка, Сузана Турунџиева, и некогашниот пливач Александар Маленко, е 10 години.

Ќерката Лора е единственото дете кое го добија додека беа во брак.

По разводот, Турунџиева и Маленко не останаа во контакт, а тој не беше поканет ниту на свадбата на нивната ќерка.

Лора на социјалните мрежи е потпишана со презимето на својата мајка. Таа пред неколку години се најде во центарот на вниманието кога објави емотивно писмо за Маленко, а преку кое, освен нему, им се обрати и на „сите татковци кои ги оттурнале своите деца, ги повредиле, ги заборавиле и едноставно им нанеле болка во нивната душа“.

ljubovta-ne-znae-za-godini-koi-poznati-dami-od-makedonija-bile-ili-se-postari-od-svoite-partneri-02.jpg

Благица Павловска и Саше Симеонов

Македонската фолк-дива во 2006 година стапи во брак со Саше Симеонов од Кочани, од кого беше постара 19 години.

Благица и Саше се венчаа во затвор во италијанското гратче Салуцо, каде Саше одлежуваше затворска казна.

На нивната венчавка присуствуваше и градоначалникот на Салуцо.

Нивниот брак траеше само 4 години, а по разделбата Благица изјави дека додека таа била на печалба во Австралија, тој уживал во џакузи со љубовниците.

ljubovta-ne-znae-za-godini-koi-poznati-dami-od-makedonija-bile-ili-se-postari-od-svoite-partneri-03.jpg

Калиопи и Васил Зафирчев

Поп-дивата Калиопи и актерот Васил Зафирчев беа повеќе во една деценија во брак, а и по разводот останаа во добри односи.

Во неколку наврати двајцата потенцираа дека продолжуваат да си бидат поддршка еден на друг во животот.

Разликата од 14 години меѓу нив никогаш не претставуваше проблем и тие максимално уживаа во нивната љубов.

ljubovta-ne-znae-za-godini-koi-poznati-dami-od-makedonija-bile-ili-se-postari-od-svoite-partneri-04.jpg

Каролина Гочева и Михаил Корубин

Во 2017 година пејачката Каролина Гочева стапи во брак со 6 години помладиот уметник, Михаил Корубин.

Свадба направија во еден од хангарите на аеродромот Стенковец, кој беше специјално уреден за оваа пригода.

Освен блиските роднини и пријатели на Каролина и Михаил, на свадбата присуствуваа и многу познати личности.

ljubovta-ne-znae-za-godini-koi-poznati-dami-od-makedonija-bile-ili-se-postari-od-svoite-partneri-05.jpg

Мелита Ракичевиќ и Виктор Ѓоршевски

Некогашната водителка Мелита Ракичевиќ долго време беше во врска со битолчанецот Виктор Ѓоршевски, од кого беше 16 години постара.

Но тоа воопшто не ги спречи да уживаат во нивната филмска љубов. 

За нивната огромна љубов пишуваа сите портали. Тие често знаеја на социјалните мрежи да споделат нивни заеднички фотографии и јавно да си изразат љубов.

ljubovta-ne-znae-za-godini-koi-poznati-dami-od-makedonija-bile-ili-se-postari-od-svoite-partneri-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg