Светска, а наша: Катарина Ивановска блеска во смарагдна креација од македонски дизајнер

„Катарина носеше панталони во балска сала полна со тоалети и остави свој печат со овој вечерен костум од сатен во смарагдно зелена боја“, напиша дизајнерот Марков, кој ги објави фотките од впечатливата креација.

svetska-a-nasha-katarina-ivanovska-bleska-vo-smaragdna-kreacija-od-makedonski-dizajner-01.jpg

Македонскиот супермодел Катарина Ивановска (35) повторно воодушеви со стилот.

За неа, дизајнерот Марков креираше шик костум во смарагдно зелена боја во три дела, со фрак и елек со гол грб.

svetska-a-nasha-katarina-ivanovska-bleska-vo-smaragdna-kreacija-od-makedonski-dizajner-04.jpg

Таа костумот го носеше на свадба, а Марков објави неколку фотографии на својот профил на Инстаграм.

„Таа е ‘најјака’ од сите. Катарина носеше панталони во балска сала полна со тоалети и остави свој печат со овој вечерен костум од сатен, во три дела, во смарагдно зелена боја“, напиша дизајнерот на фотките.

svetska-a-nasha-katarina-ivanovska-bleska-vo-smaragdna-kreacija-od-makedonski-dizajner-03.jpg

И Марков и Катарина добија пофалби за креацијата, а коментарите се дека супермоделот блеска и навистина е светска, а наша.

Не е првпат Катарина и Марков да соработуваат. Таа беше заштитно лице на неговите модни колекции и сними неколку фотосесии во неговите модели во изминатиот период.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Катарина Ивановска ужива во летото: На плажа со децата, коктели со другарките Со десетина интересни фотографии споделени на Инстаграм, Катарина откри како се ...
Катарина Ивановска ужива со другарките на Ибица - фит во црвени бикини (фото) Во друштво на своите другарки Катарина ужива во лудите забави на Ибица. Во др...
Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Катарина Ивановска прослави една година врска со саканиот Стефан во Абу Даби: „12 месеци љубов“ Катарина Ивановска преку Инстаграм откри дека е една година во љубов со Стефан Х...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg