Кенијката Емакулате, мажена во Скопје, со носија и шампањ славеше за македонскиот пасош: „И официјално сум македонско девојче“
- Детали
- среда, 11 октомври 2023
„Знаете дека имам пасош од Вевчани, ама сега имам уште еден. Јас сум и официјално македонско девојче“, вели Кенијката Емакулате Вандера Блажеска, која облече носија и славеше што доби македонското државјанство.
Емакулате Вандера Блажеска од Кенија, која веќе 5 години живее во Скопје, доби македонско државјанство.
Таа не криеше колку е возбудена, па облече народна носија, го покажа македонскиот пасош и откри како славеше со семејството и пријателите.
„Имам новости. Знаете дека имам пасош од Вевчани, ама сега имам уште еден. Јас сум и официјално македонско девојче“, вели таа во видеото што го објави на Инстаграм.
Емакулате игра на песната „Македонско девојче“ во дворот на семејната куќа и прославува со шампањ.
„Веќе бев Македонка во срцето, ова е само официјално“, напиша таа на Инстаграм.
„Среќни сме што стана Македонка“,
„Добредојде во нашето големо македонско семејство“,
„Кога сите би ја сакале вака Македонија, би било поинаку“, се дел од коментарите.