Првата жена пилот од Македонија во Wizz Air: „Првпат по 10 години кариера летав со жена капетан и само женски кабински персонал“
- Детали
- сабота, 16 септември 2023
„Денес, по 10 години како пилот, првпат летав со жена капетан и само женски кабински екипаж. Прекрасен ден, и ќе има уште многу вакви“, напиша Ива Матиќ, првата жена пилот во Wizz Air од Македонија.
Првата жена пилот во Wizz Air од Македонија, Ива Матиќ, на Инстаграм сподели неколку фотографии и откри дека првпат во нејзината кариера како комерцијален пилот, персоналот на авионот кој го управувала бил составен само од жени.
https://www.instagram.com/p/CxOSCtvrZ1v/
„Денес, по 10 години како пилот, првпат летав со жена капетан и само женски кабински екипаж. Прекрасен ден, и ќе има уште многу вакви“, напиша таа.
Објавата на Ива предизвика лавина позитивни реакции.
„Браво девојки. Кралици“, „Женска моќ“, „Браво пилотки“, „Секоја чест девојки“, се дел од коментарите.
Меѓу оние кои ѝ честитаа беше маж кој бил патник на летот, па ги пофали дамите.
„Задоволство ми беше што летав со тебе на денешниот лет, Ива“, напиша тој.
Ива, која веќе 11 години работи како пилот, во мај 2023 се пофали и дека имала задоволство првпат со неа да летаат и нејзините родители.
Прочитајте и Ива Матиќ, прва жена пилот во Wizz Air од Македонија: „Одговорноста е иста – без разлика дали има двајца или двесте патници“
A. J. | Црнобело