Македонка, омажена во Волос, за CRNOBELO: „Состојбата со поплавите во Грција е ужасна, кај мене пред куќа тече река по улицата“

„Овде е хаос, исплашени сме, не престанува да врне. Автомобилите веќе до половина ни се во вода. Забрането е движење, освен ако некаде не мораш да одиш итно. Мојот сопруг вчера отиде на работа, но ги пуштија дома затоа што снемале струја на работното место…“, раскажува Јадранка Лефкелис Ташкова oд Валандово за CRNOBELO.com, која веќе 15 години живее во Волос, Грција.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-01.jpg

Јадранка Лефкелис Ташкова oд Валандово веќе 15 години живее во градот Волос во Грција.

Таа е омажена за Грк, а сега за CRNOBELO.com споделува каква е состојбата со поплавите во овој град, кој е еден од најпогодените региони.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-02.jpg

Волос се наоѓа во централниот дел на Грција, покрај најважниот национален пат Атина - Солун (од кој е одвоен 10km). Од градот Атина е оддалечен 326km и 215km од Солун.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-06.jpg

Над градот се издигаат планините Пилио и Мавровуни. Климата во Волос е средоземна, со карактеристични жешки лета и благи зими со редок снег.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-08.jpg

Оттаму се фаќа траект за грчкиот остров Скијатос.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-07.jpg

Јадранка за CRNOBELO.com раскажува каква е состојбата со поплавите во Волос:

„Овде е хаос, не престанува да врне. Дури и самиот градоначалник во видео обраќања ги молеше луѓето да одат дома за да се заштитат.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-16.jpgфото: magnesianews.gr

Автомобилите веќе до половина ни се во вода. Дождов е навистина интензивен и ми се чини дека вчера (05.09) за еден ден наврна дожд како за 2 години што врне во нормални услови.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-12_copy.jpgфото: magnesianews.gr

Има и починато лице и лица кои се водат како исчезнати.

На прогнозата за Волос дава дожд и во текот на следните денови. Забрането е движење освен ако некаде не мораш да одиш итно.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-14.jpgфото: magnesianews.gr

Мојот сопруг вчера отиде на работа, но ги пуштија дома затоа што снемале струја на работното место. Во околината на градот уште нема струја.

Во некои делови од градот нема вода. Еве и кај нас на периоди снемува вода, а потоа тече со кал.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-13.jpgфото: magnesianews.gr

Мислам дека вчера за еден час наутро удриле 12.000 громови, ужасно беше.

makedonka-omazhena-vo-volos-za-crnobelo-sostojbata-so-poplavite-e-uzhasna-kaj-mene-pred-kukja-teche-reka-po-ulicata-15_copy.jpgфото: magnesianews.gr

Има и поплавен мост, а пред нашата куќа по улицата како да се слева река.

Снимив и видео од кај мене дома за да ви ја доловам ситуацијата:

Не знам како ќе биде деновиве, но исплашени сме каква ќе биде состојбата поради најавата за непрекинати дождови“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

фото: magnesianews.gr; depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Инспиративна мајка: Македонка држи говор со 7-месечното бебе - доказ дека жените можат сè „Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голе...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg