Македонската режисерка Тамара Котевска блесна на Филмскиот фестивал во Венеција – позира и со Амал Клуни
- Детали
- недела, 03 септември 2023
На настан во склоп на 80-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција Тамара Котевска, која е еден од режисерите на „Медена земја“, имаше чест да одржи говор и да ја најави премиерата на нејзиниот нов документарен филм. Тамара изгледаше совршено во бела комбинација, а на една од фотките што ги сподели позира и со Амал Клуни.
Филмската режисерка Тамара Котевска испиша историја како првиот автор од Македонија кој одржал говор на настан во склоп на Филмскиот фестивал во Венеција.
На престижниот настан, таа официјално ја најави премиерата на нејзиниот нов долгометражен документарен филм The Walk.
Талентираната режисерка, најпозната по документарецот „Медена земја“ кој доби номинација за Оскар, сподели неколку фотки од настанот.
Тамара изгледаше совршено во бели панталони и кроп-топ блуза со златни реси, во комбинација со црни сандали.
На една од фотките, таа позира и со единствената Амал Клуни.
„80-ти меѓународен филмски фестивал во Венеција. Почестена сум што запознав еден од најголемите борци за човекови права – Амал Клуни“, стои во описот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





