Ирина Камилоска се искачи на Водно, 2 месеци по породувањето, со бебето во кенгур и со сопругот Павле (фото)

Ирина Камилоска, која се породи пред два месеца (18 јуни) се качи на Водно со синот Јосиф и нејзиниот сопруг, музичарот Павле Камилоски.

irina-dishovska-se-kachuva-na-vodno-so-2-mesechnoto-bebe-i-soprugot-pavle-kamiloski-shto-mislite-kje-izdrzhime-so-ovie-dvajca-01_copy_copy.jpg

Ирина Камилоска, планинарката која бремена го искачуваше Водно два дена пред породувањето, денес (25.08) се качи на планината со синот Јосиф, кого го носеше во кенгур.

Таа објави видеа на Инстаграм дека со нив е и нејзиниот сопруг Павле Камилоски, кој за рака држи девојче. Тие заостануваат зад Ирина и Јосиф, па Камилоска се пошегува на нивна сметка.

„Што мислите, ќе успееме ли да се снајдеме со овие двајца?“, прашува таа, додека синот мирно ѝ спие во прегратка.

irina-dishovska-se-kachuva-na-vodno-so-2-mesechnoto-bebe-i-soprugot-pavle-kamiloski-shto-mislite-kje-izdrzhime-so-ovie-dvajca-02.jpgфото: Инстаграм

Ирина неодамна отворено зборуваше за мајчинството и бременоста, кога одговараше на прашања од своите следбеници на Инстаграм, па на прашањето дали ќе оди со синот на планинарење, таа кажа дека планира да купи кенгур во кој ќе го носи, но дека прво ќе почнат со искачување на Водно.

Тогаш откри и дека била активна трудница до крајот на бременоста, па дека буквално до два дена пред породувањето пешачела и се качувала на Водно.

irina-dishovska-se-kachuva-na-vodno-so-2-mesechnoto-bebe-i-soprugot-pavle-kamiloski-shto-mislite-kje-izdrzhime-so-ovie-dvajca-03.jpgфото: Инстаграм

Таа рече и дека е убедена дека физичката активност ѝ помогнала да има лесно породување.

Тогаш ги пофали и сите од Клиниката за гинекологија во Државна болница ѝ рече дека е презадоволна од третманот што го добила таму, а била „без врски“.

Пред неколку дена Ирина за првпат се качи на Водно сама со синот ѝ рече дека иако не било лесно, мисијата била успешна, а сега повторно го направи тоа, па изгледа ќе ѝ стане редовна практика.

ovie-dvajca-037.jpg

Прочитајте и Ирина Камилоска за мајчинството: „Се породив лесно во Државна болница, го искачив Водно 2 дена претходно, не ми се појавија стрии“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Каков татко - таков син: Ирина Камилоска сподели слатки фотки од сопругот и малиот Јосиф Ирина често споделува фотографии од Павле и Јосиф, но и видеа на кои открива дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg