Самовилите и принцезите од нашето детство: Како изгледаат денес македонските актерки со чии ликови сите пораснавме?
Стојна Костовска
Македонската Шерон Стоун, актерката Стојна Костовска денес има 69 години и ужива во пензионерските денови.
Активна е на Фејсбук, а според фотографиите кои ги споделува може да се заклучи дека времето запрело за оваа жена.
Има специфичен моден стил и блеска со младешка енергија. Таа е вистински пример како треба да изгледа една дама.
Јасмина Поповска
Во првиот серијал Македонски народни приказни, за кои многумина ќе речат дека се најдобрите снимени некогаш, на свои 27 години, учествувала и брилијантната Јасмина Поповска.
Скоро 4 децении после тоа, за неа годините се само бројка. Целиот свој живот го посветила на синот и сцената.
Познато е дека актерите никогаш вистински не се пензионираат, а и Поповска е доказ за тоа.
Дел беше и од хумористичната серија „Преспав“.
Изабела Новотни
Убавата и добра мома од Македонските народни приказни и „Во светот на бајките“, актерката Изабела Новотни ја гази шестата деценија од животот, но и понатаму реди успеси во својата професија.
Годинава, Новотни ја доби наградата за најдобра улога на филм во краткометражниот „Обичната Ели“ во режија на Лавинија Софрониевска, на Фестивалот на европскиот и медитерански филм, што се организира во Требиње, Босна и Херцеговина.
26.08.2023
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук