Сопругата на Борко Ристовски на летување без голманот: Нина ужива на море со децата, братот и сестрата
- Детали
- сабота, 19 август 2023
„Порасна детево“ – коментира Борко Ристовски на една од фотографиите на синот, откако поради работните обврски со РК „Вардар“ остана во Скопје.
Нина Ристовска, сопругата на поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, неколку дена беше на летување во Грција со синот Душан и ќерката Анастасија.
Друштво им правеа нејзината мајка, сестрата и братот.
За тоа време, екс-голманот беше во Македонија, бидејќи имаше професионални обврски со РК „Вардар“, каде што од јули 2023 е извршен директор.
Нина со семејството беше во Ханиоти.
Покрај тоа што секојдневно објавуваше фотографии од децата, таа објави и ретка фотографија на која е со своите брат и сестра.
„Мои“, напиша Нина на фотката.
Борко, пак, кој не беше со нив на летувањето, не пропушти да коментира на фотографиите од синот и ќерката.
„Порасна детево“ – вели тој на една фотка од Душан на плажа.
Веднаш откако се вратија во Скопје, Нина со децата и со Борко, заминаа во Струга.
Прочитајте и Борко Ристовски за татковството: „Маж што никогаш не сменил пелена на детето или не му спремил млеко - ја нема мојата почит“
А. Ј. | Црнобело