Светска, а наша! Ана Стојановска блесна на црвен тепих во Сараево како холивудска дива
- Детали
- петок, 18 август 2023
Ана Стојановска се појави во црн фустан со отсечоци кај стомакот и задникот и издоминира на црвениот тепих во Сараево, каде присуствуваше како дел од екипата на филмот „Кајмак“.
„Кајмак“ на Милчо Манчевски е најгледаниот филм на годината во македонските кина, но филмот поттикна лавина од реакции и во светски рамки.
По промоциите низ разни земји низ светот, сега Милчо Манчевски заедно со дел од екипата од филмот – актерката Ана Стојановска и актерот Филип Трајковиќ, го претстави филмот на „Сараевскиот филмски фестивал“.
Во оваа пригода Ана Стојановска се појави во црн фустан со отсечоци кај стомакот и задникот и изгледаше навистина впечатливо на црвениот тепих, по примерот на холивудските диви.
Таа слободното време го искористи за прошетки низ Сараево, каде откри дека го вкусила најубавиот сладолед, а позираше и со плакат од филмот.
Светско, а наше, зарем не?
С. С. | Црнобело