BBC објави две фотографии од метеорскиот дожд над Македонија: Како изгледаше „Персеиди“ кај нас, а како во светот?
- Детали
- понеделник, 14 август 2023
Фотографите од цел свет ја фотографираа оваа прекрасна глетка на небото, а метеорите фотографирани над Куманово и Кратово ги објави и „BBC“.
Фотографиите од метеорскиот дожд, познат како „Персеиди“, кој можеше да се види ноќта помеѓу 12 и 13 август, се најдоа во многу светски медиуми.
Реномираниот „BBC“ избра дури две фотографии од Македонија за да ги прикаже убавините на овој феномен на небото што се случува еднаш годишно.
Фотографите од цел свет ја фотографираа оваа прекрасна глетка на небото, а метеорите фотографирани над Куманово и Кратово ги објави и „BBC“.
За разлика од минатата година, кога Месечината беше премногу светла и метеорскиот дожд не можеше да се види со голо око, годинава метеорите беа многу позабележливи и можеше да се видат и до 100 метеори на час.
Погледнете како изгледаше метеорскиот дожд во светот, а како кај нас:
A. J. | Црнобело